Во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ влегоа пет романи: „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков („Или-Или“), „Пагански времиња“ од Драги Михајлоски („Просветно дело“), „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова („Матица македонска“), „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски („Или-Или“) и „Приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).
На конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, кој во
организација на Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности
„Славко Јаневски“ беше распишан на 15 декември 2020 година и траеше заклучно со 15
јануари 2021 година, пристигнаа 41 роман. Жири – комисијата којашто одлучуваше за
наградата ја сочинува: писателката Оливера Николова (претседателка и минатогодишна
лауреатка), поетот и универзитетски професор, Зоран Анчевски, писателката и
универзитетска професорка Калина Малеска, писателот Живко Гроздановски и
претставничката на Фондацијата „Славко Јаневски“, новинарката Катерина Богоева.
По неколкуте направени селекции од страна на жирито во финалето за наградата
влегоа пет романи: „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, („Или – Или“), „Суво
мастило“, Владимир Илиевски, ( „Македоника литера“), „Скриени желби, немирни
патувања“, Владимир Јанковски, („Антолог“), „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски,
(„Антолог“) и .„Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, („Чудна шума“). Романот
„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски на последниот состанок на
жирито, со тајно гласање и со мнозинство на гласови беше избран за „Роман на годината“
за 2020 година.
Романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски е
впечатливо дело, оригинална иновација во македонската литература. Со исклучително
занимлива колажна структура, базирана врз животна уверливост и многуслојност, оваа
проза пулсира со ново преосмислување на човечките односи, перципирајќи го светот како
единствена мрежа од концепти и судбини што се развиваат во перспективи и во
меѓусебна корелација. Неколкуте приказни, соопштувани во лапидарни секвенци, го
градат овој мозаичен роман ширејќи ја убедливо неговата првобитна поставеност“,
посочува жири – комисијата.
Писателот Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата
за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во
Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Автор е на книгите: „Невидливи
љубови“ (роман,2015), „Вечно сегашно време“ (роман,2010), „Лицата на невидливиот
град“ (заедно со Иван Блажев, фото-есеи, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно
со Иван Блажев, фото-есеј, 2008), „Огледало за загатката (2003, разговори со Влада
Урошевиќ). Владимир Јанковски за романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата
„Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“. За
наградата „Балканика 2020“ беше кандидиран и на почетокот на 2021 година, со романот
„Скриени желби, немирни патувања“. Јанковски се занимава активно со книжевен превод.
На македонски јазик превел повеќе книги, меѓу кои и од: Дубравка Угрешиќ, Миљенко
Јерговиќ, Маргарет Атвуд, Мухарем Баздуљ, Ијан Мекјуан, Џон Фанте и др.