Новости

Home / Новости
ПРОИЗВЕДУВАЧИ НА ЗБОРОТ

ПРОИЗВЕДУВАЧИ НА ЗБОРОТ

Синоќа (15 јануари) 15-тина македонски поети и писатели ја чествуваа стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски. Поетското читање, насловено како „Произведувачи на зборот“ се одржа во галерискиот простор на Културно-информативниот центар во Скопје. На присутните им се обратија Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која беше и организатор на манифестацијата, како и претседателката на Советот на град Скопје проф. д-р Љубица Јанчевска, која најави дека градот Скопје ќе ја прогласи 2020 година за година на Славко Јаневски. Стихови од Јаневски читаа актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, а за музичката придружба...

Пет романи во најтесен избор за наградата „РОМАН НА ГОДИНАТА“ 2019

Пет романи во најтесен избор за наградата „РОМАН НА ГОДИНАТА“ 2019

Во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ влегоа пет романи: „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков („Или-Или“), „Пагански времиња“ од Драги Михајлоски („Просветно дело“), „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова („Матица македонска“), „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски („Или-Или“) и „Приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“). Жири-комисијата, во состав: Николина Шопова Андова (претседателка), Весна Мојсова Чепишевска, Милован Стефановски, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева, ќе го соопшти добитникот на „Романот на годината“ за 2019 година на прес-конференција што ќе се одржи во петок, на 13 март, во просториите на Кинотеката на Република Северна Македонија, со почеток во 11 часот. Наградата „Роман...

Прогласување на Роман на годината за 2019

Прогласување на Роман на годината за 2019

Првпат по вторпат: Прогласување на Роман на годината за 2019 година. Честитки за Оливера Николова, единствената авторка што два пати ја освојува наградата во 21 годишната историја на Романот на годината.

1000 Скопје, бб.
+389 77 578 134