Во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ влегоа пет романи: „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков („Или-Или“), „Пагански времиња“ од Драги Михајлоски („Просветно дело“), „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова („Матица македонска“), „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски („Или-Или“) и „Приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).
Жири-комисијата, во состав: Николина Шопова Андова (претседателка), Весна Мојсова Чепишевска, Милован Стефановски, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева, ќе го соопшти добитникот на „Романот на годината“ за 2019 година на прес-конференција што ќе се одржи во петок, на 13 март, во просториите на Кинотеката на Република Северна Македонија, со почеток во 11 часот.
Наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 21 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка (дело на Сашо Саздов), како и паричен износ од 150.000 денари.
Leave a Reply